Три награди за прилепскиот театар на Фестивал во Никшиќ

Од:

Ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“ е добитник на три награди за претставата „Љубовни пози на историјата“ (Figurae veneris historiae) од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска, на синоќа завршениот 15. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора.

Како што информираат од прилепскот Центар за култура „Марко Цепенков“, ансамблот ја доби Гран при наградата за колективна игра, актерката Ангела Наумоска е добитник на Гран при-наградата за најдобра епизодна женска улога за улогата на Госпоѓица во претставата, а на актерот Зоран Иваноски му е доделена наградата за најдобра епизодна машка улога, за улогата на Мајсторот во претставата „Љубовни пози на историјата“.

Наградите се освоени во конкуренција на претстави во кои, како што истакнува жирито во состав: Благота Ераковиќ – претседател, Ана Вујошевиќ и Никола Василјевиќ – членови, се истакнале различни актерски стилови и актерски решенија, кои на публиката и оставиле извонреден впечаток.

Според режисерот Горан Булајиќ, на тркалезната маса на Фестивалот театарот „Војдан Чернодрински“ се претставил со „тотален театар, ансамбл претстава, која оригинално ги изнесла сценските метафори кои не засегаат сите нас. Тоа е претстава со перфектна визуелизација во општата смисла, често наполно запоставен сегмент во театарот.Мислам дека успеале во сите сегменти, посочил режисерот Булајиќ.

Во рамки на фестивалот во Никшиќ се одржал и омаж за Горан Стефановски на кој било потсетено дека македонскиот драматург е еден од најголемите драмски автори во регионот, чии драмски текстови се играат не само во театрите во регионот, туку и пошироко.

Претставата „Љубовни пози на историјата“ на Фестивалот во Никшиќ се играше во чест на Горан Стеганоски.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски