Третата вечер на Скопје џез фестивалот со боса-нова дивата Елиас

Од:

Пијанистот Метју Шип, еден од предводниците на новата генерација џез гиганти, и боса-нова вокалистката и пијанистка Елиане Елиас, настапуваат вечер во Универзална сала, на третата вечер од 33. Скопје џез фестивал. Сити хол центарот е резервиран за британскиот бенд „Ред Снапер“.

Шип, познат како еден од најбрилијантните пијанисти на својата генерација и еден од најоиригиналните стилисти во историјата на џезот, открива визионерска, далекусежна музика. Има снимено повеќе албуми меѓу кои и камерен џез – нов правец во џез музиката. Пред целосно да се посвети на сопствената музика и кариера, настапува со квартетот на Дејвид С. Веар, како и со Note Factory на Роско Мичел.

Со 23 албуми зад себе, пет „Греми“ номинации и четири Gold disc награди, Елиас е позната по својот карактеристичен, препознатлив стил кој ги обединува нејзините бразилски корени и сензуалниот, заводлив вокал со импресивните инструментални џез и класични композиторски вештини. За неа велат – харизматична музичарка која ја комбинира мелодичноста на Бразил со софистицираноста на Њујорк. Елиас ја почнала професионалната кариера на 17 години во Бразил, работејќи со Токињо и големиот поет Винисиус де Мораес. Во 1981-ва заминува во Њујорк каде реализира успешна соло кариера.

Во Универзална синоќа гостуваа „Fire!Orkestra“ предводен од Матс Густавсон и пијанистот Ник Барч, а на полноќ во „Сити хол“ беше триото од Белгија „Данс данс“.

Скопје џез фестивалот почна завчера со настап на маестралната Јун Сун На од Кореа и шведскиот гитарист Улф Вакениус, по што публиката уживаше во музиката на тапанарката Тери Лин Керингтон од САД и нејзиниот квартет, како и во Obara International, модерниот џез квартет на најзначајното име на новиот полски џез, саксофонистот Мачиеј Обара.

Утре најпрво ќе се одржи пладневен концерт. Во 13 часот во киното „Фросина“ настапуваат саксофонистот Нед Ротенберг, една од иконите на њујоршката авагардна сцена, и вокалната импровизаторка и експериментаторка Саинко Намчилак, по што вечерта во МОБ се композиторот и мултиинструменталист Вадада Лио Смит, њујоршкиот саунд-дизајнер Hardedge, и австралискиот бенд „The Necks“ со кои завршува годинашниот Скопје џез фестивал.

Би можело да ве интересира

Награда за најдобар македонски млад џез музичар на Скопскиот џез фестивал во МКЦ

Вечер на Скопскиот џез фестивал посветена на солидарноста на бегалците

Почна јубилејното 40. издание на Скопскиот џез фестивал

А1он

Почнува јубилејното 40. издание на Скопје џез фестивал

Ана Ололовска

Почнува 39. Скопски џез фестивал

Ана Ололовска

Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов ќе го отворат 39. Скопски џез фестивал

Ана Ололовска