Трета фаза од конзервацијата на археолошкиот локалитет Манчевци во Охрид

Од:

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците и музеј Охрид интензивно работат на третата фаза од конзервацијата на археолошкиот локалитет Манчевци во Охрид, во рамки на програмата за заштита на културното наследство, со финансиска поддршка на Министерството за култура.

– Во изминатите две години на овој локалитет беа извршени археолошки истражувања, а се заврши и конзервацијата на остатоците од ранохристијанската базилика. Годинава се работи на конзервацијата на мозаичните подови како и на комплетната илуминација на локалитетот. Со реализацијата на завршната фаза од работите на археолошкиот локалитет Манчевци, градот Охрид до крајот на годинава ќе добие  уште еден атрактивен археолошки локалитет кој нуди одлична можност за дополнителна афирмација на културното наследство на Република Македонија, информира Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје