Трајче Кацаров е лауреатот на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2021 година

Од:

Трајче Кацаров е автор на поемата „Цветко“ прогласена за најдобра за 2021 година на отворениот конкурс што секоја година се распишува во чест на охридскиот и македонскиот поет Григор Прличев.

dobivaj vesti na viber

Кацаров е поет, раскажувач, есеист и драмски автор, вработен како драматург во НУЦК „Ацо Шопов“ – Народен театар Штип. Тој е наставен доцент на Интернационалниот универзитет за аудио-визуелни уметности „Еуропа Прима“. Во 1993 година го основа Списанието за уметност СУМ и до ден-денес е негов главен и одговорен уредник. Во 1996 година со група истомисленици, го основа списанието Месечникот за театар „Тренд театар“ и станува негов уредник. Во 1997 година со група автори, го основа весникот на ДПМ „Стожер“. Од 2017 година е главен и одговорен уредник на Списанието на ДПМ „СТОЖЕР“. Како издавач има објавено триесетина книги од науката, есеистиката, уметноста и публицистиката, меѓу кои се: „Маларме“ од Ги Мишо, „Вера и скпеска“ од Јиржи Менцел, „Системот на Антонен Арто“ од Вадим Максимов, „Актерската игра“ од Михаил Чехов.

Наградената поема „Цветко“ ја третира вечната тема за човековата ранливост и минливост, (не)исполентоста на очекувањата во дослух со самиот себеси, но и со традицијата, менталитетот, обичаите карактеристични за поднебјето под кое живееме, каде низ слободен стих се движи содржината на случувањата во ритам и стилска одржливост со помош на едноставен јазик, ставен во функција на пораката која треба да ја пренесе.

– „Поемата „Цветко“ пишувана во модернистички манир, претставува вешто компониран поетски исказ, сугестивен и хармоничен, згуснато сензитивен и напати спокоен, кој, преку навидум едноставниот лирски расказ за животот на Цветко, отвара суштински егзистенцијалистички прашања. Поемата има изградено цврста интегрирана приказна со структурна издиференцираност во мотивски поглавја, обединети околу одредени семантички јадра, кои го следат животот на главниот лик – Цветко“, наведуваат од НУЦК „Григор Прличев“ од Охрид што ја доделува наградата.

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ што се одржува на почетокот на февруари.

Би можело да ве интересира

Промоцијата на стихозбирката „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски

Ана Ололовска

Музичка промоција на стихозбирката „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ

Ана Ололовска

Вечер на стихови на два јазика

Ана Ололовска

„Едно лето во Охрид“ – стихозбирка од Саво Костадиновски, поет иселеник во Германија

Ана Ололовска

„Кршлива, скршена и други начини како да се стане цела“, англиско-хрватска збирка на стружанката Бистра Кумбароска

Ана Ололовска

Римското списание Нуови аргоменти во чест на Ацо Шопов

Ана Ололовска