Томислав Османли за романот „Бродот. Конзархија“добитник на кинеска книжевна награда

Од:

Еден од двајцата победници во категоријата за роман на кинескиот книжевен конкурс “Zheng Nian Cup” 2023 распишан од пекиншкиот Музеј на литературата за свесност и други. Наградата е доделена за српското издание на романот “Брод. Конзархија” кое во издание на новосадска „Агора“ и во превод од македонски писател, уредник и преведувач Сашо Огненовски во соседната земја излезе од печат минатата година со финансиска поддршка на Макеоднското министерство за култура. Романот „Бродот. Конзархија“ со поднаслов „холограф“ изворно беше објавен од македонското книгоиздателство „Магор“ во 2016 година. Како и македонското, и српското издание на романот на Османли доби повеќе, вонредно позитивни критички одгласи и медиумски афирмации. Инаку збор е за дистопија чие дејство се случува во блиската иднина на 2039 година, во една драстично сменета, општествена, економска и политичка, сосем вируелизирана реалност.

На конкурсот одржан во главниот град на Кина, во категоријата „Роман“, покрај нашиот автор, истоветна награда доби само уште еден автор, романската писателка Мариана Кунбар Селма.

Конкурсот “Zheng Nian Cup” 2023 е голем меѓународен и мултидисциплинарен уметнички натпревар и беше распишан за национални литературни творби од сите жанрови, како и за калиграфија, сликарство и фотографија. Организатори на големиот меѓунроден културен настан се повеќе институции и креативни групи: Изложбениот салон на кинески уметници, Пекингшкиот институт за кинеска култура Џенг Ниан и Женгксин, Центарот за сепарација на CGTW за производство и емитување на Централната станица, Гуангдаи „Шангкихуи“ тимот за филмување на националната кинеска телевизија CCTV, „Научен гласник“, „Модерно образование“, „ Современиот уреднички оддел за култура и образование“, „Вести за наука и технологија од Шанкси“, „Вести за наука и технологија на Лимеи“, „Ууредувачкиот оддел за култура и образование“, „Мрежа на фотографи репортери 315“, „Кинеската Мрежа за култура и образование“ и „Мрежата за современо сликарство и калиграфија“ заеднички планирано.

Во доменот на литературата се доделени три категории прозни награди, како и награди за раскази, за новела, за биографска и книжевна есеистика, награда на млад творец и три награди за поезија. Во категоријата Трета награда, една од вкупно триесетте добитнице е Елизабет Дончевска Лушин исто така од Македонија. Меѓу наградените книжевни творци се авторки и автори од Италија, Грција, САД, Индија, Турција, Либан, Русија, Данска, Кипар, Србија, Саудиска Арабија, Црна Гора, Бугарија, Канада, Индинезија, Нигерија, Сингапур, Колумбија, Хрватска, Филипини, Бангалдеш, Босна и Херцеговина, Франција, Романија и Македонија.

Би можело да ве интересира

Томислав Османли добитник на хрватската книжевна награда „Donat“ за животно дело

Објавен „Заборав“ – најновиот роман на Томислав Османли

Расказ на Томислав Османли објавен во Хрватска

Во Србија објавена книга со три драми на Томислав Османли

Расказ на Томислав Османли објавен во грчката ревија за култура „Енекен“

Интервју на писателот Томислав Османли за „Вијести“: „Во новото општество нема место за сеќавањата“