Томислав Османли добитник на хрватската книжевна награда „Donat“ за животно дело

Од:

Награди „Donat“ за литературни придонеси им се доделени на македонските писатели Даниела Андовска-Трајковска и Борче Панов како и на невладината организација Хрватско-македонска тангента со седиште во Шибеник, додека наградата „Goran Bujić“ ѝ е доделена на Марина Мијаковска.

На литературна свеченост одржана во Задар, беа доделени годишните награди „Donat” и „Goran Bujić“ кои ги доделува задарскиот одел на Хрватското книжевно друштво – оддел Задар. Лауреати на тие награди се и четворица македонски писатели: на Томислав Османли награда за животно дело и на книжевните творци Борче Панов, Даниела Андовска-Трајкова и Марина Мијаковска, како и невладината организација Хрватско-македонска тангента, сите наградени за видни книжевни придонеси. Предлозите за награди до жирито пристигале од сите пет ограноци на ХКД, а конечните одлуки ги донело жири од 21 член, на чело со претседателот на задарскиот огранок на Хрватската книжевна асоцијација, предводен од писателот Никола Шимиќ Тонин, поет, романописец, драмски автор и преведувач.

„Donat“ за животно дело ќе му се врачи на Томислав Османли, македонски писател, сценарист, драматург, теоретичар на медиуми, филмски и театарски критичар, новинар и есеист – стои во дел од подолгото образложение за високото хрватско книжевно признание – Автор е на 28 книги публицистика, драмски текстови, сценарија и прози. Неговата теоретска студија „Филмот и политичкото“ (1981) е првата книга во Македонија посветена на седмата уметност, онака како што ‘Стрип, запис со човечки лик’ (1987, 2002) е првата книга посветена на деветтата уметност во таа земја.“ Подеталните творечки биографии на македонските добитници се објавени во септемврискиот број на списанието „Kvaka“: https://www.casopiskvaka.com.hr/2023/09/poznati-lauerati-devete-po-redu.html#more

Инаку, високите признанија именувани „Donat “ и „Goran Bujić – književnici i novinari“ се доделуваат во знак на почит и сеќавање на рано заминатиот задарски творец, новинарот, писател, критичар и уредник Горан Бујиќ (род. 1955) секоја година на 28. Декември, роденденот на творецот. Годинава со двете награди се почестени четворицата македонски автори и асоцијацијата која создава бројни културни мостови меѓу Хрватска и Македонија, предводена од политикологот Сашо Георгиевски. На овој начин асоцијацијата на задарските книжевни дејци, дел на Хрватското книжевно друштво, ја потврди својата отвореност и респектот кон македонските литературни творци во доменот на романескното, поетското, мултимедиското и теоретското творештво. Најзаслужен з тоа уважување е првиот човек на задарскиот Огранок, писателот Никола Шимиќ, како и неговите соработници од Управата и независните интелектуалци од бројниот состав на годинашното жири на наградите „Donat“ и „ Goran Bujić “.

Заблагодарувајќи се од името на лауреатот на највисокото признание, наградата „Donat“ за животно дело на Томислав Османли ја прими Секретарот на Хрватско-македонската тангента, Милена Георгиевска, новинарка и уредничка на списанието „Македонски глас“ од Хрватска.

Останати добитници се словенечкиот автор Марјан Пунгартник и Ана Чагаљ. Наградите се состојат од Диплома, Медалјон со ликот на Горан Бујиќ и уметничка слика/фотографија дела на еминентни задарски уметници.

Би можело да ве интересира

Објавен „Заборав“ – најновиот роман на Томислав Османли

Томислав Османли за романот „Бродот. Конзархија“добитник на кинеска книжевна награда

Расказ на Томислав Османли објавен во Хрватска

Во Србија објавена книга со три драми на Томислав Османли

Расказ на Томислав Османли објавен во грчката ревија за култура „Енекен“

Интервју на писателот Томислав Османли за „Вијести“: „Во новото општество нема место за сеќавањата“