Расказ на Томислав Османли објавен во Хрватска

Од:

Реномираниот хрватски портал ‘TRIS’ деновиве го објави расказот „Сонот на Ангеле Богев“ на македонскиот писател Томислав Османли. Станува збор за еден од расказите кои авторот жанровски ги одредува како каприча и кои ги објави во истоимената книга во издание на „Магор“ од Скопје, а овој конкретен расказ во нејзината српска објава насловена „Збир-ка-прича“, издание на новосадски „Прометеј“.

Расказот има вербо-визуелна градба па вклучува и илустрации избрани од самиот автор. „Сонот на Ангеле Богев“ за оваа објава на хрватски го преведе уредничката на порталот, истакнатата хрватска новинарка Даворка Блажевиќ, инаку авторка од редовите на реномираниот сплитски весник „Слободна Далмација“.

Објавата на расказот „Сонот на Ангеле Богев“ е проследена со воведен текст како и со авторска биографија на македонскиот писател, преземена од хрватскиот портал Кnjiževnost.hr.

Хрватскиот портал ‘Tris’ по втор пат објавува проза на македонскиот автор, откако неодамна го објави неговиот расказ „Мајка“.

Инаку, двете прози објавени на порталoт ‘Tris’ се резултат на активноста на асоцијацијата Хрватско-македонска тангента која е општествен, дипломатски, деловен и културен мост на соработка што се реализира со креативно поврзување на субјекти од двете држави.

Би можело да ве интересира

Томислав Османли добитник на хрватската книжевна награда „Donat“ за животно дело

Објавен „Заборав“ – најновиот роман на Томислав Османли

Томислав Османли за романот „Бродот. Конзархија“добитник на кинеска книжевна награда

Во Србија објавена книга со три драми на Томислав Османли

Расказ на Томислав Османли објавен во грчката ревија за култура „Енекен“

Интервју на писателот Томислав Османли за „Вијести“: „Во новото општество нема место за сеќавањата“