Академик Томе Серафимовски му донираше портрет од шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон на Друштвото на писателите на Македонија, по повод 68 години од неговото формирање.
Падрон е добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, почесен член на ДПМ и член во надворешниот состав на Македонската академија на науките и уметностите.
Портретот на Хусто Хорхе Падрон ќе биде промовиран на свеченост на 13 февруари кога ќе се одбележи 68-годишнината од формирањето на македонската писателска асоцијација.
– Богатата збирка на уметнички слики и скулптури во Домот на македонските писатели содржи повеќе дела од академик Томе Серафимовски, меѓу кои се и потртетите на св. Климент, браќата Миладиновци и на литературниот критичар Димитар Митрев, информира ДПМ.