Тасевска: Повеќе пари за македонско културно наследство, СДСМ поднесе измени на Законот за игри на среќа

Од:

Пратениците од СДСМ поднесоа Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

– Нашат цел e со овие измени дел од парите кои се влеваат во државниот буџет преку игрите на среќа да се наменат за зачувување на нашето домашно, македонско културно наследство. На овој начин ќе се обезбедуваме соодветно зачувување на културното наследство во неговата автентична и интегрална форма. Создавањето нов кадар за заштита на културното наследство и континуираната едукација на постојниот кадар во заштитата, нужно упатува на потребата од дополнителни финансиски средства со кои ќе се стипендираат кадри на сите три циклуси во образовниот процес вели пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска.

Со Предлог законот се бара да се овозможи средствата остварени по сите основи од приредувањето на игрите на среќа и на забавните игри да се користат и за јавните установи за заштита на културното наследство преку Министерството за култура и за степендирање на дефицитарни кадри во заштитата на културното наследство преку Министерството за образование и наука. Износот се определува на 50% од вкупниот приход од игрите на среќа и забавните игри утврден во претходната календарска година, но не помалку од 60 милиони денари и не повеќе од 120 милиони денари.

– Бараме поддршка од сите пратеници за донесување на на овие измени на Законот затоа што придобивките се големиќе се надмине проблемот со кадровска дефицитарност на стручниот кадар во заштитата на културното наследство,ќе се создадат стручни кадари кои ќе бидат подготвени да ги спроведат сложените постапки на непосредна заштита на културното наследсво, согласно највисоките меѓународни стандарди, ќе се зголеми бројот на заштитени културни добра, ќе се унапреди заштитата, управувањето и одржливото користење на културното наследство, ќе се придонесе кон зачувување на културното наследство како моќен ресурс за развој на целокупното општество како и за промоција на европските фундаментални вредности и двигател на економскиот и туристичкиот развој, рече Тасевска.

Би можело да ве интересира

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

А1он

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди

(ВИДЕО) Тренчевска: Срамно и тажно е работниците да бидат принудени да протестираат барајќи нешто што го заслужиле

СДСМ: Власта има Буџет од шест милијарди евра, а не сака да ги покачи платите на работниците