„Тартиф“ премиерно во Битолскиот театар

Од:

Народниот театар-Битола е подготвен за првата премиера во 2013 година –  „Тартиф“ на Молиер во режија на Сашо Миленковски. Претставата претпремиерно ќе биде изведена вечер, а премиерата е закажана за утре. Насловната улога ќе ја игра актерот Огнен Дранговски.

– Во оваа претстава  имаме три пријатели. Наш најголем пријател е стихот на Молиер, потоа стилот на Молиер и третиот наш пријател е сонгот. Во пиесата „Тартиф“ ние направивме неколку интервенции, за да ја приближиме тезата  за која говориме дека лесноверните ќе престанат да ги богатат сметките на луѓето кои се претставуваат дека говорат во името на Бога, рече режисерот Миленковски на прес-конференција по повод премиерата.

Покрај Дранговски, во претставата настапуваат и Јулијана Стефановска, Менка Бојаџиева, Никола Пројчевски, Маја Андоновска, Филип Мирчевски, Васко Мавровски, Душко Јовановиќ, Христина Христова-Николова, Александар Стефановски, Борче Ѓаковски, Марјан Георгиевски, Горазд Христовски и Александар Копања.

Музиката е на Венко Серафимов, сценографијата на Зоран Николовски, костимографијата на Благој Мицевски, а Александра Хонг од Бугарија ја подготви кореографијата.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“