СВОД – Сонце ВО Дрво“ – изложба на Љупчо Бојаров во „КО-РА“

Од:

Во Галеријата „КО-РА“, во Домот на градежниците во Скопје, вечер во 20 часот ќе биде отворена 18. самостојна изложба на македонскиот академски сликар Љупчо Бојаров, кој лани доби награда за најдобра графика на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

На изложбата, насловена „СВОД – Сонце ВО Дрво“, ќе бидат претставени 30-на графики на Бојаров изработени во дрворез.

Според уметникот, дрворезот како ликовна техника има посебна убавина која го разликува од останатите техники. Неговата специфичност произлегува првенствено од медиумот – дрвото, кое потекнува од живиот свет и кое повторно оживува во процесот на неговото преобликување во уметничко дело.

– Благородноста на дрвото ја опфаќа и самата ликовна техника, а произлегува од почитта на уметникот кон животот и можноста која му е дадена да ги оживее материјалните остатоци на еден природен организам. Историските податоци за дрворезот говорат дека тоа е најстарата графичка техника, што се должи на едноставноста на изработката и слободата на изразување кои таа ги нуди. Изложбата на дела, направени користејќи ги изворните техники на изработка и правење отпечатоци, претставува сиже на моето повеќедецениско истражување на дрворезот, вели Бојаров.

Изложбата „СВОД – Сонце ВО Дрво“ во „КО-РА“ ќе биде продажна и  отворена за посетители до 30 октомври.

Љупчо Бојаров дипломира на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје во 1984 година, и оттогаш е член на ДЛУМ. Учесник е на стотина групни изложби во Македонија и во поранешна СФРЈ, почнувајќи од Скопје, Белград, Нови Сад, Сараево итн. Љубителите на уметноста имале можност, освен во Европа (Англија, Франција, Шпанија, Чешка, Словачка, Унгарија, Шведска, Италија) неговите дела да ги видат и во САД и во Египет.

Покрај самостојните изложби во Скопје, Бојаров повеќепати со свои дела гостувал во Белград, Будва, Малме и во други европски градови. Добитник е на повеќе награди на државно и на меѓународно ниво за најдобра графика, меѓу кои: „Св. Климент Охридски“, „Моша Пијаде, ДЛУМ”, „Emerging Artist” за графика на 5. Меѓународно анале, „Diploma of Eceleent”, „Гуте Аврамовски”, „Premio-Acuisto Del’ Aministracione comunale di RHO”, „XXXII Premio internazionale di grafika“ итн.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“