Светски ден на книгата

Од:

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, за кој годинава светската порака ја напиша генералниот директор на УНЕСКО Одре Азуле, а националната порака – режисерот Милчо Манчевски.

Азуле во пораката ги нарекува книгите прозорци кон нашата душа и пат кон заемното почитување и соработка меѓу луѓето, независно од границите и различностите.

-Во овие турбулентни времиња книгите овозможуваат да се соедини човештвото во една фамилија, споделувајќи го минатото, историјата и културното наследство, со цел да се изгради една заедничка иднина каде што сите гласови се слушаат во еден хор со човечки здив. Книгите се наши сојузници во ширење на образованието, науката, културата и информацијата насекаде во светот. Книгите се, исто така, форма на културно изразување кое им дава живот на јазиците и се изразува преку нив. Секоја книга е создадена на посебен јазик, наменета за своите читатели. Така секоја книга е напишана, произведена, разменета, искористена во дадена лингвистичка и културна рамка, наведува Азуле.

Режисерот, писател и фотограф Милчо Манчевски, пак, во македонската порака вели не е само дека му се допаѓале книги или дека сакал книги, туку тие му требале „онака како што на птица ѝ треба воздух или на тревка ѝ треба сонце“. Вели дека книгите му помогнале да си ја поврати рамнотежата и да си го најде местото во светот.

-Знаеш, мајка ми умре четири месеци пред да тргнам на школо. Не се сеќавам на точните чувства кога разбрав дека умрела, ама мислам дека неверица и беспомошност секако беа дел од нив. Како наеднаш да ме беше понела водата и не можам да се закотвам. Ни татко ми, ни бабите и дедовците не можеа многу да помогнат, колку и да се обидуваа. Ама, имаше еден свет што ми помогна да си го најдам местото – книгите. Книги, стрипови, книги за деца, книги за возрасни, бајки, кратки раскази, митови и легенди, приказни за каубојци и индијанци, секакви книги… Со саати, денови, недели, месеци целосно исчезнував во книгите. Не само што уживав во нив, јас бев нив. Ги живеев книгите во вистинската смисла на зборот…, истакнува нашиот познат режисер по повод Светскиот ден на книгата.

Градот Шарјах во Обединетите Арапски Емирати е избран за престолнина на книгата во 2019 година, која е прогласена и за Интернационална година на автохтоните јазици, поддржана од УНЕСКО, за реафирмирање и поттикнување на меѓународната заедница да им помогне на автохтоните народи да ги сочуваат својата култура, своите знаења и своите права.

Светскиот ден на книгата и авторското право се празнува од 1995 година. Прогласен е од УНЕСКО за да им се оддаде признание на книгите и писателите, а 23 април е избран затоа што на тој датум во 1616 година починале двајца великани на книжевноста – Шекспир и Сервантес.

Би можело да ве интересира

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска