Стрипот се уште живее на Балканот

Од:

Ал Џезира – Балкан

Стрипот, девета уметност која на читателот му претставува приказна во вид на многу слики, на Балканот има долга традиција. Иако често се смета за детска занимација, дури и во овие сиромашни времиња тешко е да се најде стара публика која од време на време не сака да ги прелиста случките со нацртаните херои.

Тешката економска состојба и бројните административни проблеми изминатите години ја доведоа на колена оваа уметност, малите кино сали речиси и не постојат, книжарниците и издавачите мака мачат за релативно мали пари да продадат некоја книга, а поради пиратеријата и комплицираноста на заштитата на авторските права на музиката како стил на живот се одлучуваат само најхрабрите.

Од друга страна, често потценет, стрипот на Балканот упорно опстанува.

Вук Марковиќ од новосадската издавачка куќа Комико, посветена на објавување на стрипови, вели дека стрипот во Србија изминатите децении доживува вистинска ренесанса. Како што вели тој, бројот на изданијата, издавачите и просечниот тираж бележат нагол раст, посебно во последните пет години, така во таа земја секој ден се објавува по еден стрип.

Иако стрип издаваштвото во Хрватска се бори со економската криза која ги зафати сите слоеви на општеството и целата економија, во Хрватска се зголемува бројот на издавачките куќи, додаде Златко Платужиќ од стрип книжарницата Бабилон во Ѓаково.

Мал тираж

Сепак, тој вели дека тиражите на некои изданија се многу мали, посебно на т.н. колекционерски изданија во тврди корици.

– Тука се работи за тиражи од 250 до 1.000. Со тоа дека треба да се каже дека има многу повеќе такви под 500 парчиња по наслов, рече Платужиќ.

Енис Чишиќ од Сараево, кој црта за големиот американски Марвел, потенцира дека состојбата во светот на стрипот, како и во многу други нешта, во Србија и Хрватска е многу подобра од Босна и Херцеговина.

Според неговото искуство, во БиХ поголемите издавачи не се заинтересирани за издавање на стрипови, не постојат домашни стрип изданија, т.е. постои само мал број на ентузијасти кои мора сами да се финансираат.

Токму поради тоа домашните автори се принудени среќата да ја бараат во странски ангажмани, што е познато во земјите во регионот.

– Во Србија живеат над 30 професионални автори на стрип кои работат само за странски издавачи и од тоа многу пристојно живеат тука. Авторите кои работат само за српскиот пазар тешко можат да обезбедат егзистенција само од работа на стрип, бидејќи тиражите не се доволни за посериозен приход од еден наслов, рече Марковиќ.

Златко Платужиќ од стрип книжарницата Бабилон вели дека е исклучително тешко да се опстане на слободниот пазар без поддршка за издавање на стрипови. – Кај нас во Хрватска издавачите се трудат да добијат поддршка од Министерството за култура, во некои градови и од кога влеговме во Европската унија, тука е и најголемата поддршка од разни фондови на ЕУ.

Подобар старт

Марковиќ додава дека и во светот на стрипот, како и во други индустриски гранки, странските стрипови во старт подобро поминуваат кај домашните читатели.

– На секој домашен наслов и автор тешко му е да постигне продажба на некој странски стрип. Од друга страна, не постои ниту еден поквалитетен и завршен српски стрип или графички роман во последните 20 години кој не е објавен, потенцира членот на Комика.

Стрипот на Балканот, сметаат луѓе од таа струка, доживеа одредени промени во последните децении. Како што вели Марковиќ, стрипот во Србија од киосците се преселил во книжарите, а содржините се променети.

– Сега помалку се работат комерцијални, забавни стрипови, па и не се зборува за јунаци и суперхерои во таа мера како порано, туку темите се главно насочени на литерарно графички романи, ликовно и литерарно на вредни современи автори, како и независни алтернативни андерграунд стрипови. Од друга страна, во Хрватска италијанскиот издавач Бонели се уште е главен на рафтовите, вели Платужиќ.

Се уште добро се продаваат старите јунаци Текс Вилер, Загор, Блек.. а тука се и Дилан Дог, Мартин Мистери…

Нови генерации

– Новите генерации на читатели главно се врзани за компјутерите, игриците, филмовите, па и онлајн стриповите. На нив секако им се интересни Марвеловите супер херои, отколку некакви ликови од Дивиот запад, оцени Златко Платужиќ. – Старата гарда сеуште ги сака француските и белгиските стрипови и секако по некој италијански Бонели класик.

Наспроти проблемите со кои се соочени издавачите и цртачите, Вук Марковиќ од новосадската Комика верува дека живееме во златно време на стрипот.

– Стрипот беше, сега е и ќе биде тука меѓу нас. Генерално, стрипот како појава, како уметност нема почеток ни крај. Тој е една голема серија со бескрајни продолжетоци која не води во бегање од стварноста, додаде неговиот колега од стрип книжарницата Бабилон.

Според мислењето на Платужиќ, во стрипот ќе уживаат уште многу генерации, без оглед на тоа дали ќе го читаат на хартија или на монитор, со очила на Гугл или со некаков чип во главата, не е важно…

– Стрипот нема крај па така секогаш ќе имаме продолжеток во идниот број…, вели тој.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он