Странски и македонски уметници изложуваат во Чифт амам

Од:

Во Чифте Амам, на 13 мај (вторник), во 20 часот ќе се отвори изложбата „Time collectors project“, меѓународна изложба на дела на 16 домашни и странски уметници. Учесници на изложбата се : Биба Кајевиќ (Македонија), Гаврило Миловановиќ (Македонија), Лана Васиљевиќ (Србија), Горан Деспотовски (Србија), Силвија Горак (Полска), Мирна Арсовска (Македонија), Душан Перчинков (Македонија), Кирил Геговски (Македонија), Серџо Парела (Аргентина-Англија), Феликс Брасје (Франција-Англија), Паоло Чампини (Италија), Мустафа Узбакир (Турција), Ѓорѓе Јовановиќ (Македонија), Владимир Симоновски (Македонија), Владо Ѓорески (Македонија) и група „Колегиум“ (Македонија).

Автори и куратори на изложбата се Биба Кајевиќ и Дејан Буѓевац, а нивната идеја е всушност прашањето кои се тие визуелни слоеви и поетски естетизации на сликата „време“, кои го „продлабочуваат“ нејзиниот линеарен, хронолошки, историски, психо-социјален, геополитички, економски и (пост)идеолошки карактер? Кои се тие визуелни постапки во мноштвото „парцијални резови на времето“, кои можат да се третираат наспроти „клатното на сегашноста“, односно денешната невротична и хистерична димензија на „времето“ позната како ера на брзини, на глобалната претстава за неповторливата краткост на живеењето или на силните резови во еден правец?

Изложбата се состои од дела изработени во разни медиуми како што се сликарство, цртеж, графика, фотографија, видео, инсталација, објект…

civtAmamIzlozba1

Се работи за поставка во која авторите на изложбата вклучиле уметници од повеќе генерации и (сосема) различни по својот визуелен, естетски, поетски и ликовен јазик и културен сензибилитет, но кои во своите творечки и чувствителни процеси на своите дела имаат заеднички склоности во однос на сликата „време“, а тоа се моментот на повторување, суптилната естетика на „минималистичката“ репетитивност, немиот ритам на фрагментарната слоевитост како лично бележење на одредени „временски“ состојби од самата виртуелна, физичка или психичка стварност; визуелно-медитативното процесуирање и тактилната забавеност во граничните области помеѓу замисливото време, имагинарното, и „ смислата“ на животот; камерно случување на делото преку временски исечености и деликатни изрежаности… , непредвидливиот ритам, долготрајното повторување на одредена форма кое креира различни/спротиставени почетоци, изместеност, отпорност, кадрирани паузи во спојот меѓу избришаните траги, знаци и сенки; обликување, одложување, разградување и бришење на почетокот како творечки процес; „временски“ колапс…

Проектот својот почеток како изложба го имаше минатата година во просториите на НУ Завод и Музеј Битола, кога учествуваа само еден дел од авторите.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски