Стефан Марковски застапен во поетска антологија „Хибискус“ во Индија

Од:

Стихови од македонскиот книжевник Стефан Марковски беа застапени во меѓународната поетска антологија Hibiscus: Poems that Heal and Empower, објавена во Калкута, Индија.

Стиховите насловени „Вселените што дишат радост“ (The Joy-Breathing Universes), дел од стихозбирката „Сиво сјаат вселените“ се вклучени во антологијата по покана на познатиот индиски поет, Кирити Сенгупта, главен и одговорен уредник. Препевот на англиски е дело на авторот.

Темата на антологијата е втемелена на одговорот на прашањето – дали и до која мера може да се определи исцелителната моќ на поетската реч во услови на глобална здравствена и духовна криза?

Во антологијата се вклучени песни од 103 поети од целиот свет, а покрај Сенгупта, во нејзиното уредување учествуваа уредници од САД и Индија.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска