Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска ќе се одржи средба со македонски автори, на која ќе бидат прогласени најчитаните македонски автори за возрасни и за деца во библиотечната мрежа на Библиотеката за 2016 година.
Како што информираат од Градската библиотека, на средбата ќе настапат македонските поети Михаил Ренџов, Бранко Цветкоски, Иван Џепаровски, Виолета Танчева Златева и Виктор Јакимовски.
Ќе бидат доделени плакети за наградените писатели и благодарници за повеќе издавачки куќи и институции.