Специјална проекција на победничкиот филм на 7. Филозофски Филмски Фестивал

Од:

По успешното завршување на 7. Филозофски Филмски Фестивал, оваа година во своето прво интернационално издание поддржано од Град Скопје, Агенцијата за филм на Република Македонија и програмата Цивика Мобилитас, Филозофското друштво на Македонија и Филозофскиот Филмски Фестивал организираат Специјална проекција на апсолутниот победник на ФФФ 2017 – филмoт „Сè за луѓето“ (All About People) на грузискиот режисер Гиорги Абашишвили (Giorgi Abashisvili). Филмот кој претставува грузиско-германска копродукција е добитник на двете награди „Златен був“ за Најдобар игран филм на ФФФ 2017 според жирито (проф. д-р Иван Џепароски, проф. д-р Александар Прокопиев и проф. Владимир Блажевски) и според публиката.

Филмот кој е во омнибус форма е сочинет од девет приказни од Грузија и Германија кои раскажуваат за убавината и трагичноста на човекувањето. Едно момченце го очекува изненадување на патот до училиштето. Млад молер ја открива магичната моќ на поезијата. Загубениот човек на железничката станица е во залудна потрага по времето, додека еден старец го губи својот внук во големиот град, а друг човек талка по гробиштата. Една двојка е заслепена од сончевиот сјај, а еден старец се збогува со сонцето и со светот на луѓето. Полни со надеж, девственост, нежност и возвишеност овие приказни базирани на делата на грузискиот писател Нодар Думбадзе (Nodar Dumbadze) зборуваат за човечката состојба во сите нејзини бои.

Гости на настанот во Скопје ќе бидат режисерот на филмот Гиорги Абашишвили (Giorgi Abashishvili) и сценаристката Миријам Штен (Miriam Steen). Настанот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, Германската амбaсада во Скопје и Best Western Хотел Турист, а ќе се одржи на 5 јуни (понеделник) во Кинотеката на Македонија со почеток од 20.00 часот (бесплатен влез). По проекцијата на филмот ќе бидат доделени наградите „Златен був“ на режисерот, а ќе следува и дискусија со г. Абашишвили предводена од селекторот на Официјалната селекција на долгометражни филмови, проф. Кирил Трјачев од Филмската академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Би можело да ве интересира

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена