Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата за преземање на Универзална сала од страна на Министерството за култура

Од:

Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата на советничката група на СДСМ за предавање на ингеренциите за проектот за реконструкција на Универзална сала на Министерството за култура.

„Реконструкцијата на Универзална сала предолго време стои во место а за реализација на овој проект обезбедени се средства од државниот буџет. Универзална е симбол на Скопје, симбол на солидарноста и по реконструкцијата таа треба да им се врати на граѓаните како важен репрезентативен објект во главниот град.

Неспособноста на локалната власт на ДПМНЕ е едно но СДСМ иако е опозиција во Советот, продолжува да работи за доброто на Скопје, за доброто на граѓаните.Сега на потег е градоначалничката на Град Скопје. СДСМ апелира да се прифати одлуката на Советот и реконструкцијата на Универзална сала да ја преземе Министерството за овој проект да биде завршен“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Не се излезени записниците за пожарот во Универзална: Надзорот најави можна промена на металната конструкција

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: По завршување на истрагата, продолжува реконструкцијата на Универзална сала

Митева: СДС да не ги манипулира скопјани, да кажат дали изведувачот на Универзална е фирма блиска до нивниот врв и дали затоа нема одговорност за пожарот