Со премиерата „Грдиот“ вечер почнува „Гола месечина“

Од:

Со премиера на комедијата „Грдиот“ од НУ „Театар Комедија“ во режија на Ирена Стеријовска вечерва во 21:00 часот во Спортскиот центар „Ново Лисиче“ почнува традиционалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој годинава ќе се одржи по осми пат.

Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Тони Денковски и Наталија Теодосиева.

Фестивалот што го организираат Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“ ќе се одржи според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер.

Поради ограничениот број на седишта, ќе може да се влегува само со билети кои се бесплатни и можат да се подигнат од пријавницата на Општина Аеродром од 9:00 до 15:00 часот на денот на секоја претстава.

Едно лице може да подигне два билетаза една претстава со приложување лична карта, и тоа само доколку поседуваат сертификат за вакцинација, информира организаторот.

Би можело да ве интересира

​Сашко Коцев, Тино и Атанас овој викенд на „Гола Месечина“ во Аеродром

Две претстави и многу смеа: Почна фестивалот „Гола месечина“ во општина Аеродром

Ана Ололовска

Успешно заврши осмото издание на „Гола месечина“

Ана Ололовска

Од среда до недела фестивал на комедијата „Гола месечина“

А1он

Отворен Фестивалот на комедијата „Гола месечина“

Ана Ололовска

Почнува Фестивалот на комедијата „Гола месечина“

Ана Ололовска