Со омажот „Драмски за Конески“ завршува 55. театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Од:

Со омажот „Драмски за Конески“ за животот и делото на великанот на македонската литература и култура во чест на 100-годишнината од неговото раѓање, вечер во Прилеп ќе биде спуштена завесата на 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Омажот со првенците на Драмски театар е и во чест на наградените на годинашниов Фестивал, а најдобрите остварувања и најдобрата претстава фестивалското жири во состав на Ѕвездана Ангеловска, актер и режисер, Бајруш Мјаку,актер и театрологот од Србија, Александар Милосављевиќ, ќе ги соопшти денеска напладне.

На програмата на фестивалот беа 13 претстави, помеѓу кои „Мој термин“ на МНТ, „Вечера за глупаци“ на театар „Комедија“, „Глембаеви“ на Прилепскиот театар, „Вообразен болен“ на Кумановскиот, „Мојот маж“ на Драмски театар, „Мурлин Мурло“ на Албански театар, „И коњите ги убиваат, зар не?“ на Битолскиот, „Страст и алчност“ на Тетовскиот, „Едип коментари“ на Штипскиот, „Славната Флоренс“ на Турски театар, „Крик за љубов“ на Охридскиот „Едвард раце ножици“ на Театарот за деца и младинци и претставата на Велешкиот театар „Херои 04:33“. Публиката не можеше да ја види само претставата на Кумановскиот театар која беше одложена поради болест на актер.

Фестивалот понуди и промоции и трибина за Театарот во Ковид ситуација, проблемите и решенијата. Токму поради ковидот, Фестивалот лани не се одржа, а годинава е со протоколи и во друг термин. Од Фестивалот се надеваат дека в година оваа престижна манифестација ќе се одржи во редовниот термин во јуни.

Би можело да ве интересира

Пет награди за Драмски театар на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска

„My name is Medeja“, „Несфатената цивилизација“ и „Елегија во пет здива“ вечерва на фестивалот во Прилеп

Ана Ололовска

МТФ „Војдан Чернодрински“ со разговори на тркалезната маса и две нови претстави во официјалната програма

Ана Ололовска

Ден на независната продукција со претстави по текст од македонски автор на МТФ „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска

„Црнила ремикс“ гостува на Могилата на непобедените во Прилеп, во чест на Коле Чашуле – авторот во фокус на МТФ „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска

Четири награди за претставата „Народен непријател“ и Македонскиот народен театар на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска