МТФ „Војдан Чернодрински“ со разговори на тркалезната маса и две нови претстави во официјалната програма

Од:

Општествени прашања, главно социјалните теми и семејната драма, се темите кои ги анализираат претставите на Струмичкиот и на Турски театар од Скопје кои публиката на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп имаше можност да ги види како дел од официјалната програма. 

Двете претстави отворааат прашања, едната за општествените, а другата за состојбите во семејството со траумите од детството. Ова беше речено на разговорите на тркалезната маса за претставите:„Циркус Пирандело“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, во продукција на Струмичкиот театар и „Човек перница“ во режија на Сибел Абдиу на Турски театар од Скопје.

Публиката која го следи Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој од 9 до 16 јуни се одржува во Прилеп, претпладнето во киното „Мис Стон“ уживаше во претставата од театарската работилница на Фестивалот и програмата насловена „Чернодрински за деца“.

Учениците од прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“ ја изведоа својата претстава, работена со наставничката Билјана Тинтовска, а под менторство на режисерот Милош Андоновски.

Вечер на програмата на Фестивалот се уште две претстави во официјалната програма и со нив пред публиката ќе се прикажат осум од 10-те претстави на македонските професионални театари.

Од 19,30 часот во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана претставата „Балконот“ во режија на Арбен Кумбаро, а во изведба на Албански театар од Скопје.

Од 22 часот во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“, театар „Комедија“ од Скопје ќе ја изведе претставата „Женска гардероба“ во режија на Наташа Поплавска. 

Би можело да ве интересира

Пет награди за Драмски театар на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска

„My name is Medeja“, „Несфатената цивилизација“ и „Елегија во пет здива“ вечерва на фестивалот во Прилеп

Ана Ололовска

Ден на независната продукција со претстави по текст од македонски автор на МТФ „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска

„Црнила ремикс“ гостува на Могилата на непобедените во Прилеп, во чест на Коле Чашуле – авторот во фокус на МТФ „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска

Четири награди за претставата „Народен непријател“ и Македонскиот народен театар на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска

Македонскиот народен театар го отвора „Војдан Чернодрински“

Катерина Ѓуровски