Со околу илјада нови книги годинава е збогатена градската библиотека „Феткин” од Кавадарци, информираше денеска директорката Трајанка Атанасова.
– Станува збор за стручна литература добиена во рамки на проектот на Владата на Република Македонија, но и светски бестселери како и лектирни изданија, соопшти директорката.
Атанасова подвлече дека за купување на дел од овие книги се искористени дел од тековните средства што ги добиваат ваквите институции секоја година како блок дотации, а и самите имаат вложено сопствени приходи од наплатена членарина, за збогатување на фондот на библиотеката.
– Основците и средношколците најмногу читаат лектири и книги кои им се во материјалот за обработка на училиште. Студентите и постдипломците позајмуваат главно стручна литература, а голем дел од возрасните чиатели преферираат бестселери, трилери и драми, рече Атанасова.