Со мултимедијална шестчасовна програма во живо, насловена „Чао 2020“, Младинскиот културен центар ја испрати 2020 година.
На шестчасовната програма настапија: Vlad Ilich, Дина Јашари, Суперхикс, Funk Shui, Културен центар 750 (Ана Голејшка и Иван Шопов), Висар Етеми, Fat Cacko & Fat Kitchen, Dope Kukjata, Marko Dejanović, Rush To Relax, Atheist Rap, DJ FITZ, Shock Troopers, Aleksandar Veliki, Stojche, Zulu 3.4 и Васко Атанасоски.
Од МКЦ информираат дека покрај богатата музичка програма, на програмата имало и поезија, како и стенд-ап комичари.
„Чао 2020“ се следеше во живо од студио МКЦ на социјалните мрежи на МКЦ и локалната телевизија Едо. Програмата ја проследи голем број на публика, не само од нашата земја. „Чао 2020“ одекна до Германија, Англија, Словенија, Србија, Хрватска, Италија и др, велат од МКЦ.
Снимените концерти ќе бидат објавени на фејсбук страната на МКЦ во текот на оваа недела со следниот редослед:
5.1.2021 – Rush to Relax / Zulu 3.4
6.1.2021 – Dina Jashari / Александар Велики
7.1.2021 – Atheist Rap / Shock Troopers
8.1.2021 – Dope Kukjata / Funk Shui
9.1.2021 – Суперхикс / DJ Fitz
10.1.2021 – Васко Атанасоски / Stojche