Со „Man Rec” и „Не ми ги допирај очите“ вечер се затвора Танц Фест 2021

Од:

„Man Rec” на французинот Амала Дианор и „Не ми ги допирај очите“ на македонската кореографка Адријана Данчевска вечер ќе го крунисаат годинешното издание на Танц Фест Скопје. Со почеток во 21 часот, во Домот на армијата, ќе се заокружи една недела извонреден современ танц, на кој беа претставени повеќе премиери на танцови претстави, танцови филмови, но беше одбележан и 10-годишниот јубилеј на Скопје танцовиот театар.

Од Фестивалот информираат дека заради временските услови, затворањето на Танц Фест Скопје ќе се одржи на затворената сцена во Домот на АРСМ, наместо на првично утврдената локација, во Музејот на современата уметност.

– Во саботата, публиката уживаше во маестралниот Загребачки плесни ансамбл и изведбата на „Ревел Ревел“, претставата „Најлон“ на Валентино Апостоловски и Благој Мицевски, а имаше прилика и да го проследи „VITRO“, танцовиот филм на младиот Филип Петровски. Вчера пак, како дел од фестивалот, а со поддршка од Театроскоп, Француски Институт и Француска Алијанса Тетово, тетовската публика уживаше во “Man Rec”, во Домот на култура Тетово, која вечерва францускиот кореограф и танчер со потекло од Сенегал, Амала Дианор, ќе ја изведе пред скопската публика, повторно поддржана од истите партнери, информиарат од фестивалот.

Преку „Man Rec” или „Само јас“, стои во соопштението, на волофски јазик кој традиционално се зборува во Сенегал, Дианор практично ќе претстави дијалог помеѓу неговите различни потекла, преку различни форми на урбани танци до современ танц, но и традиционални африкански танци, кои тој на уникатен начин ги вклопува во неговиот вокабулар на движење. Појдовна точка за оваа кореографија во изведба на самиот Дианор е идејата за сложената природа на поединецот: неговиот идентитет, неговиот однос кон другите, кон општеството. Со енергичен пристап кон оваа специфична комбинација на танци кои биле дел од неговото патување, тој ги истражува сите свои личности, алтер-ега и делови од себе, кои постепено и немилосрдно се откриваат, а потоа се бришат, еденоподруго – оставајќи го само последното „јас“, свртено кон себе, но и кон другите, соопштија од фестивалот.

– Во 22 часот, публиката повторно ќе има можност да ја проследи извонредната „Не ми ги допирај очите“ на домашната кореографка Адријана Данчевска, во изведба на Дејан Битровски и самата Данчевска, која се потпишува и зад костимографијата на претставата. На музика на Artefakt и Гордан Спасовски трио, Битровски и Данчевска на единствен начин, истовремено ќе претстават побуна и манифест на мирот. „Следете политика и главите кон сонцето“, суптилна иронија зад која стои моќна порака. „Не допирај ми ги очите“ се поистоветува со човекот во Македонија, го слави животот, убавото во едноставното и гневот на постоењето. „Кога ќе ме снема, може повторно да ме заима“, комплексната идеја за човековото битисување претставена преку елеганција и питки движења во кои публиката сигурно ќе ужива, најавуваат организаторите.

Би можело да ве интересира

Балетски триптих „Молитви на моето тело“ на фестивалот „Танц фест Скопје“

„Танц фест 2023“ завршува со претставата „Одења и слични кореографски решенија“

Ана Ололовска

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска