Со концертот „Апасионато“ заврши „Топол културен бран“ во Велес

Од:

Со концертот насловен „Апасионато“  на виолинистката Пламенка Трајковска и нејзиниот гудачки квартет синоќа во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес заврши манифестацијата „Топол културен бран“ на Министерството за култура и Општина Велес.

Беа изведени композиции од истоимениот албум на Трајковска, кој претставува спој на класичната музика од познати композитори и современиот музички стил.

По концертот, Трајковска изјави дека иако долги години работат на популаризација на класичната музика, сепак сметале дека во едно ново, современо време мора да и се даде малку ритам на овој тип на музика за да биде поприфатена од публиката.

– Сметам дека многу поуспешно можеме да ја приближиме музиката доколку ја интерпретираме непосредно пред граѓаните на отворено, а ваквите концерти се блиски до луѓето, истакна Трајковска.

Гудачкиот квартет, освен Пламенка Трајковска на виолина, го сочинуваат и Наташа Диденко на виолина, Сања Смилевска на виола и Александра Петковска на виолончело.

Концетот „Апасионато“ веќе е прикажан во повеќе македонски градови, а истоимениот албум се презентира и во странство.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов