Со кинеска танц атракција во Велес затворен Танц фест 2015

Од:

Со танцовата претстава „Kung Fu dance gateway“ на современата кинеска танцова компанија Драгон кунг гу од Пекинг, Кина, изведена синоќа на големата сцена на новиот објект на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, заврши годинашното 11 издание на Танцфест 2015.

Драгон кунг фу современа танцова е современа танцова компанија основана во 2006 година од кунг фу ѕвездата Џеки Чен, а на сцената на новиот театар во Велес настапи со 11 члена екипа која во неколку сцени ја презентира традиционалната култура и современата уметност во Кина. Тие со својот настап ја одушевија бројната публика и изнудија на неколкупати бис на сцената.

Меѓу присутните беа и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија Зеншун Вен.

По претставата во изјавата за медиумите министерката Елизабета Канческа Милевска најпрво упати честитки за успешниот и ексклузивен настап на ансамблот од Пекинг.

– Ние како министество и даваме поддршка на Рисима Рисимкин за нејзиниот Танцфест кој во Македонија се етаблираше како многу значајна манифестација и која донесе во земјава светски познати ансамбли. Ова беше еден ексклузивен настан и може да се види дека самиот ансамбл вложува многу труд и напорна работа и затоа овие резултати се видливи и треба да ни биде пример за сите нас како со многу напорна работа можеме да дојдеме до вистински резултати, истакна министерката Канческа Милевска.

Потенцира дека овој настап се должи на успешната соработка со Кинеската амбасада во земјава и на договорот за соработка потпишан со претставниците на Народна Република Кина, а со кои се реализираат и ќе се реализираат уште многу проекти.

Амбасадорот на НР Кина Зеншун Вен искажа благодарност до Министерството за култура кое е заслужно за ова гостување на кинескиот ансамбл во Македонија, што е само дел од активностите за одличната соработка меѓу двете земји.

Раководителката на Танцфест Рисима Рисимкин рече дека аплаузот што беше даден за настапот на ансамблот од Кина говори за квалитетот на програмата која ја носат во Македонија.

– Затоа сум горда што Танцфест е секогаш чекор понапред од сите други и мислам дека во изминатите години имавме напорна програма и тој напор што го правиме е на големо задоволство на публиката, изјави Рисимкин.

Воедно, по повод 29 април, Меѓународниот ден на Танцот, синоќа од сцената на театарот во Велес, скопската секција на СИМ УУНЕСКО преку кореографот и танчер Маријана Дамчевска ја упати македонската порака за овој овој празник на танцот

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска