Со филмот „Ослободување на Скопје“ почна 37. фестивал „Браќа Манаки“

Од:

Многу сум среќен што го доживеав овој момент. Долго време се занимавам со филмот и не знам кога ова повторно ќе ми се случи. Им се заблагодарувам на сите што помогнаа во снимањето на овој филм, истакна легендарниот актер и режисер Раде Шербеџија по синоќешното завршување на македонската премиера на филмот „Ослободување на Скопје“ со кој беше отворен 37. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Фестивалот се одржува под мотото „Почувствувај ја светлината, почувствувај ја Битола“ и како и секоја година е под покровителство на претседателот на Република Македонија.

Годинешната ѕвезда на фестивалот во Битола, австралискиот кинематографер Сил не го криеше задоволството од одлуката на фестивалот, како и гостопримството во Македонија.

– Голем чест е што претседателот на Републиката ми ја доделува оваа награда. Големо е задоволството да се држи в раце оваа награда. Минав долг период во учење на занаетот, и сеуште учам бидејќи со секој нов филм се учат нови работи и би сакал да им се заблагодаам на стотиците луѓе од сите филмски екипи со кои сум соработувал. Прекрасно се чувствувам во Битола кој е најубавиот град на светот, рече Сил.

За денеска претпладне е најавена првата прес-конференција на која ќе учествуваат гости од официјалната програма, а во текот на денот ќе бидат емитувани филмови во различни натпреварувачки категории. Планирано е да биде отворена и изложба на тема „40 години Кинотека на Македонија“.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски