Словенско младинско гледалишче гостува на МОТ

Од:

Словенско младинско гледалишче вечер гостува на фестивалот Млад отворен театар со претставата „Ние, европски лешеви“ во Младински културен центар.

– Претставата во режија на Себастијан Хорват е посветена на Жртви на бенг-бенг модата. Токму со оваа претстава се означува поставувањето на Јовановиќ за уметнички директор на Словенско младинско гледалишче, кое тој и неговите колеги го претвориле во најзначајното театарско поглавје на овие простори во минатиот век. На 60-годишнината од постоењето на театарот, Симона Семениќ несомнено најрадикалната словенечка писателка, ќе го парафразира Жртви на бенг-бенг модата и ќе создаде нов драмски текст по кој се прави претставата, соопшти МОТ.

Себастијан Хорват е еден од позначајните словенечки режисери, студирал театарска режија во Љубљана, каде што дипломирал во 1998 година со претставата „Елсинор“, базирана на адаптација на Шекспировиот Хамлет.

Во 1997 година заедно со неговите соработнички, костимографката Петра Вебер и актерката Наташа Матјашец Рошкер го формирале независниот театарски институт наречен E.P.I. центар. Денес тој е значаен центар за театарска продукција, кој соработува со институционални театари во создавањето театарски проекти. Хорват магистрирал во 2005 година и започнал да работи на академијата во Љубљана.

Би можело да ве интересира

Заврши 46-то издание на Млад отворен театар

Ана Ололовска

Три претстави денеска на МОТ

Претставата „Модиљани“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

„Дневна доза мазохизам“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

МКЦ ги откажува сите настани и претстави од МОТ до петок

А1он

Три претстави вечерва на 46. МОТ

Ана Ололовска