Следната година тендер за реставрација на Театар Скупи

Од:

До крајот на годинава се планира да заврши целосно истражувањето за сценската зграда и гледалиштето на Театарот на локалитетот Скупи, рече министерката за култура Елизабета  Канческа Милевска на синоќешната отворена владина седница.

Според Канческа-Милевска, следната година ќе биде објавен тендер за сценската зграда, а потоа и за гледалиштето.

– На просторот каде што е самата сцена откриени се неколку значајни откритија кои ќе се конзервираат во наредниот период. Прво ќе започнеме со сценската зграда следната година. Значи, паралелно ќе се работи на објектот. Ќе се објави тендер за реконструкција на сценската зграда, прво со неа ќе почнеме, со подиумот, а потоа некаде март-април планираме да објавиме тендер за гледалиштето. Таа е таа динамика, рече Канческа Милевска.

Следната година, укажа, е реставрацијата. Се прават напори тоа да биде до крајот на следната година, но посочи  министерката за култура, сега се зависи и од тендерските процедури.

По укажувањето од премиерот Никола Груевски активностите за тоа да се направат порано Канческа Милевска појасни дека  се работи паралалено.

– Мора паралелно. Значи, прво направивме истражување на сценската зграда, се работеа проектите, па се објавува тендерот. Значи, прво ќе одиме со тендерот и сега треба во јануари проектите да ги работиме. Направивме динамика некаде до крајот на март за во април да го објавиме тендерот за целото гледалиште. Тоа што и беше планирано оваа година околу целосно истражување на објектот се заврши, рече министерката Канческа Милевска.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија