Светски познатиот германски актер Бруно Ганц најеројатно ќе биде специјален гостин на годинашново издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, дознава А1 он.
За утре е најавена прес конференција на која организаторите треба да ја соопштат програмата на фестивалот и главните гости.
Бруно Ганц стана светски познат по главната улога во филмот „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс, а имаше и улоги во двата филмови номиирани за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 2008 година – „Читачот“ и „Бадер Мајнхоф комплекс“.
Во 2004 година ја играше улогата на Адолф Хитлер во филмот „Пропаст“ (Downfall). Ганц мнатата година ја доби германската награда за животно дело „Златна камера“, а добитник е на над 30 престижни европски и светски награди и прзнанија.
Инаку, Бруно Ганц игра и во филмот со работен наслов „Чекај ме/Сведок“ на македонскиот режисер Митко Панов.
36.издание на ИФФК “Браќа Манаки“ ќе се одржи од 18 до 27 септември во Битола.