Славе Ѓорѓо Димоски дел од меѓународниот Поетски фестивал во Истанбул

Од:

Охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски од утре до 29 септември ќе биде дел од меѓународниот Поетски фестивал во Картал, Истанбул. Манифестацијата е со меѓународен предзнак, со најавено учество на познати поети од Турција, Македонија, Ирак, Палестина, Шпанија, Романија, Грција, Албанија и други земји.

Според фестивалската програма, предвидено е Димоски на 26-ти со дел од своето творештво да се претстави пред останатите учесници на Фестивалот, додека пошироката јавност во Истанбул ќе може да се запознае со неговата поезија на неколкуте поетски читања што ќе се одржуваат на повеќе локации низ градот.

Славе Ѓорѓо Димоски е еден од најплодните автори од современата поезиа во Македонија, со бројни изданија на поетски збирки преведувани на светски јазици и учество на речиси сите позначајни поетски манифестации во овој дел од светот, но и пошироко.

Творечкиот опус на Димоски се состои од триесетина дела од кои десетина книги поезија, пет книги детска поезија, три книги есеи. Негова е и збирката македонска еротска поезија, како и вториот превод на Григор Прличев. Неговите дела, пред се неговата поетска реч, е преведена на повеќе од 25 јазици, меѓу кои на англиски, руски, полски, турски, азерски, бугарски, српски, француски, ерменски, новохебрејски. Поезијата на Ѓорго- Димоски е наградувана со повеќе домашни и меѓународни признанија, меѓу кои престижната награда „Сергеј Есенин“ што ја доделува Поетската асоцијација на Москва.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска