Скопски џез-фестивал со гости од САД, Европа и Африка

Од:

Актуелни и врвни имиња во џез-музиката од САД, Европа и Африка најави Скопскиот џез-фестивал за 36-тото издание кое ќе се одржува од 19-ти до 22 октомври.

– Ексклузивно за единствен европски концерт, од Чикаго доаѓа една од најдобрите џез-пејачки во светот – Ди Александер (20 октомври). Во иста вечер (21 октомври) ќе настапат две легендарни имиња од САД – Марк Рибо со проектот Јанг Филаделфијанс (The Young Philadelphians) и Стив Колмен со легендарните Фајв елементс (Five Elements), соопшти Скопје џез-фестивал.

Од Норвешка ќе гостуваат два големи ансамбла – Трондхејм Џез Оркестра (Trondheim Jazz Orchestra) со Оле Мортен Ваган и Пал Нилсен-Лав Ларџ Јунит (Paal Nilssen-Love Large Unit).

Еден од најдобрите светски џез пијанисти, Крег Тејборн, ќе настапи со својот квартет, а ќе гостуваат и две европски триа – Триото на Давид Хелбок и Интерзоне на Марио Ром. Два полноќни концерта со афро-бит легендите Орландо Џулиус и Хелиоцентрикс (Heliocentrics) и Ентони Џозеф со својата група. Соло-настап ќе има големото име на италијанскиот џез – Роберто Отавиано.

Во четирите главни вечери (19-22 октомври) концертите ќе се одржат во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот. Во втората и третата вечер (20-ти и 21 октомври) полноќните концерти ќе се одржат во Дансинг-салата на Младинскиот културен центар. Четвртиот ден ќе има попладневен концерт во кино „Фросина“ во МКЦ со почеток во 17 часот.

На годинашниот Скопски џез-фестивал ќе има и посебна дополнителна програма составена од проекции на два документарни филма и една мултимедијална презентација.

Презентацијата на Ичо Видмар „New Music In New York” и проекцијата на документарниот филм „The Jazz Loft According To W. Eugene Smith“ ќе се одржат во кино „Фросина“ на 21 октомври со почеток во 15 и 16 часот. Проекцијата на филмот „Dixieland” (програма за млади) е во соработка со фестивалоте „Џифони“ и „Македокс“ и ќе се одржи во кино „Фросина“ на 20 октомври со почеток во 12 часот.

Билетите се во продажба во Југотон рекордс, Македонската опера и балет, Младинскиот културен центар и mktickets.mk. За трите настани од дополнителната програма влезот е слободен.

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска