Во МКЦ денеска ќе се одржи 5. „Skopje Vinyl Convention“. Настанот, инспириран од и посветен на сите колекционери и љубители на винили, го организира Funky Fresh, а ќе почне во 13 часот.
Целодневната програма вклучува над 20 дилери на плочи од земјата и регионот, неколку премиери на нови винил изданија и настап на повеќе од 20 локални музичари. Влезот е слободен.
-Примарната цел е да се сплотат сите љубители и колекционери и да им се даде простор на локалните диџеи да ги покажат своите плочи и умешноста стекната изминатиов период. Оваа година ќе има повеќе изложувачи и дилери и секако одлична музичка програма, велат организаторите.
„Skopje Vinyl Convention“ ќе се реализира согласно актуелните КОВИД-протоколи за организирање настани на отворен простор.