Скопје танцов театар со премиера на „Непознато“

Од:

Скопје танцовиот театар вечер во Кино Култура ќе ја одржи премиерата на претставата „Непознато“ која е трета продукција на еднинствената современа танцова компанија во Македонија за 2018 година.

Претставата се состои од две кореографии, првата под наслов „Чудаците“ во кореографија и режија на Матеа Киселичка и „Непознато – фрагменти на извонредна машина“ работена по идеја на Александра Петрушевска.

Во првиот дел настапуваат Александра Петрушевска, Адријана Данчевска и Анастасија Данчевска, оригиналната музиката е на Борко Биџовски, а се употребуваат и фрагменти од операта „Лакме“ на Лео Делиб.

Во вториот дел „Непознато – фрагменти на извонредна машина“ настапуваат Адријана Данчевска, Матеа Киселичка, Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Александра Петрушевска, Јоавана Зајкова, Бобан Русески, Сара Цветкова и Тереза Лазарев.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска