Скандалозни, неприфатливи и спротивни на националниот интерес – ДПМ за резултатите од Конкурсот за проекти од национален интерес од културата

Од:

Друштвото на писателите на Македонија ги оценува како скандалозни, неприфатливи и спротивни на националниот интерес резултатите од Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес од културата за 2023 година во кои нема поддршка за манифестации и годишните награди што ги доделува најстарата, најрепрезентативна и најмасовна писателска асоцијација во државата.

Како што се наведува во соопштението од вчера одржаниот вонреден состанок во врска со резултатите од Конкурсот, ДПМ се залага за почитување на приоритетите во културата, а книжевните награди кои ги носат имињата на нашите писатели – стожерници несомнено се еден од тие врвни приоритети во доменот на книжевноста и културата.

-Неприфатливо, скандалозно и спротивно на националниот интерес е во Годишната програма да не се издвојат средства за годишните награди на ДПМ: „Димитар Митрев“, „Ацо Шопов“, „Стале Попов“ и „Ванчо Николески“. Тие се наши великани, основоположници и меѓници, чии што имиња и дела се вградени во темелите на идентитетот, јазикот и македонската литература. Неприфатливо е и одбивањето да се финансира манифестацијата „Празник на липите“, која го промовира дијалогот меѓу македонската и светската поезија.

Исто така, во интерес на транспарентноста и одговорноста при распределбата на буџетските средства, ДПМ предлага преку страницата на Министерствтото за култура на јавноста да ѝ биде достапен списокот на сите предложени книги за публикување, а не само имињата и насловите на избраните проекти.

-Иако со отсуството на поддршка во Годинешната програма, дејноста на ДПМ во 2023 година е доведена во прашање, нема да дозволиме најстарата, најрепрезентативната и најмасовната писателска асоцијација, која постои и опстојува веќе цели 76 години, да не го продолжи својот нагорен пат, кој е во неразделна врска со националните интереси, стои во реакцијата на ДПМ.

Би можело да ве интересира

Министерството за култура доделило 900.000 денари за бришење на шкртаниците од Шарената револуција тврди ВМРО-ДПМНЕ

ДПМ: Поради немање кворум не се одржа продолжението на Вонредното изборно собрание

Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на ДПМ

ДПМ: Поднесени четири кандидатури за претседател и две за претседател на Собранието на ДПМ

Јубилеен 150-ти број на ревијата „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија

ДПМ со јавен повик до Кристина Николовска