Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на ДПМ

Од:

Иван Антоновски преку соопштение информираше дека ја повлекува кандикатурата за претседалтен на Друштвото на писатели на Македонија.

Во продолжение, комплетното обраќање на Антоновски:

Почитувани македонски писатели, драги колеги, членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ),

Ве известувам дека ја повлекувам мојата кандидатура за претседател на Собранието на ДПМ. Во актуелните околности и новонастанатите состојби, сметам дека ова е единствениот исправен чекор, и за доброто на ДПМ, и за заштита и на човечкото, и на авторското достоинство на македонскиот писател и неговото дело!

По јавно достапните информации дека според важечката регулатива, позицијата претседател на Собранието на ДПМ, правно, воопшто и не постои, искрено, бев во дилема дали е потребно повлекување на кандидатура за правно непостоечка позиција. Сепак, сметам дека имам морална обврска да се обратам до вас и да ве известам дека и формално го преземам овој чекор, затоа што ставовите и програмските определби од мојата кандидатура, всушност, беа одраз на тоа што голем дел од членството го чувствува и го изрази како потреба. Верувам дека потребата од заложби за модернизација и транформација на македонската писателска асоцијација и натаму е силна, иако, по сето она што го посведочивме во овој период, јасно е дека патот ќе биде уште подолг и потежок.

Со формалното повлекување на кандидатурата чувствувам обврска и се надевам дека на овој начин ќе успеам да спречам заедничките заложби за консолидација на ДПМ да бидат вовлечени во евентуални натамошни случувања што би немале правен легитимитет и дополнително би му наштетиле на Друштвото, а тоа, верувам, дека не сакаме да си го дозволиме. Затоа што заложбите беа и се за нов систем на вредности, а не за продлабочување на веќе постоечките проблеми.

И покрај сè, сакам да верувам дека ДПМ може да излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа, а дали тоа ќе се случи зависи од секој од нас – членовите на ДПМ!

Би можело да ве интересира

ДПМ: Поради немање кворум не се одржа продолжението на Вонредното изборно собрание

ДПМ: Поднесени четири кандидатури за претседател и две за претседател на Собранието на ДПМ

Јубилеен 150-ти број на ревијата „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија

ДПМ со јавен повик до Кристина Николовска

Членови на ДПМ: Претседателката на Собранието да испрати дневен ред и Деловник за Вонредното изборно собрание

Петрески: како Претседател на ДПМ бев и сум под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик