Петрески: како Претседател на ДПМ бев и сум под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик

Од:

Подолг период Друштвото на писателите на Македонија како столб на македонската самобитност и идентитет е стожер и борец за македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Со најновите организирани напади ДПМ се наоѓа пред притисоци, доведувајќи го во прашање и неговото постоење вели во писмо претседателот на Друштвото Христо Петрески.

– За жал, повеќето членови на ДПМ не знаат со што се соочува Друштвото во овие тешки моменти за Македонија и жалам што се доведени во заблуда од поединци. Изјавувам дека како Претседател на ДПМ бев и сум под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик. Писателите се вистинскиот браник на македонскиот идентитет, македонскиот јазик и култура и затоа апелирам и ве молам на најубав начин да ги сочуваме заедно – во одбрана на ДПМ кое има 76 години традиција, или како што би рекол безвремениот Блаже Конески: ,,Јазикот е единствената наша татковина. Се додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште”, се вели во писмото од Петрески.

Би можело да ве интересира

ДПМ: Поради немање кворум не се одржа продолжението на Вонредното изборно собрание

Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на ДПМ

ДПМ: Поднесени четири кандидатури за претседател и две за претседател на Собранието на ДПМ

Јубилеен 150-ти број на ревијата „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија

ДПМ со јавен повик до Кристина Николовска

Членови на ДПМ: Претседателката на Собранието да испрати дневен ред и Деловник за Вонредното изборно собрание