Македонскиот балет организира ексклузивна вечер на танц со наслов „Синергија“. Балетските уметници ќе настапат на кореографски теми пред се од домашни, но и од странски автори.
На програмата ќе бидат дела од Кирил Џајковски, „Проект Жлуст“, Калиопи, Дуке Бојаџиев, Кокан Димушевски, Џингиз Ибрахим, како и од Камиј Сен Санс, Пичез и Карл Орф.
Меѓу солистите на „Синергија“ се Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Марија Кичевска, Бобан Ковачевски, Ивана Коцевска, како и машкиот и комплетниот балетски ансамбл на Македонската опера и балет.