„Симфонија на тажни песни“ со Ана Дурловски

Од:

Македонската филхармонија во четврток ќе ја изведе „Симфонија на тажни песни“ која ја најави како една од најубавите, но и најпопуларните симфонии на сите времиња.

„Симфонија на тажни песни“, позната и како Симфонија бр. 3 од современиот полски композитор Хенрик Миколај Горецки, ќе биде премиерна изведба за оркестарот на Македонската филхармонија. Солистка ќе биде оперската дива Ана Дурловски, а оркестарот ќе го води диригентот од Бугарија Емил Табаков.

Симфонијата е инспирирана од темите на војната и разделбите, од нацистичките логори за време на Втората светска војна. Изведена е по повод комеморацијата на холокаустот во 1992 година со Лондонскиот симфониски оркестар, под диригентската палка на Давид Цинман и сопранот Даун Апшоу, кога доживеа фантастичен успех на сите листи во САД и во Велика Британија, а бројот на продадени ЦД-а премина еден милион.

– „Симфонијата на тажни песни“ се смета за една од најдобрите симфонии на сите времиња, чија популарност ја стекна не само во сферата на класичната музика, туку и во поп-културата. Создадена е во 1976 година, а полската агенција ПАП ќе наведе дека снимката (плочата) е продадена во повеќе од милион примероци. Всушност, ова дело своевремено стана најпродаваното издание на некој современ композитор, информира Филхармонијата.

Композиторот Горецки е водечка фигура на полската авангарада за време на постсталинизмот. Негови познати дела во оваа насока се и „Беатус Вир“, химната „Мизерере“, „Мал реквием за една Полка“ или реквиемот „Добра ноќ“…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска