Шведски фотограф добитник на „Ворлд прес фото“

Од:

Шведскиот фотограф Пол Хансен ја освои наградата „Волрд прес фото“ за 2012 година за фотографијата, на која е прикажано носењето на погреб на две дечиња, кои беа убиени за време на израелски ракетен напад.

Фотографијата направена за весникот „Дагенс њухетер“ прикажува група мажи, кои ги носат мртвите тела низ тесна уличка во градот Газа. Жртвите брат и сестра се завиткани со бело платно и се гледаат само нивните лица.

Според жирито квалитетот на фотографијата се состои во прикажаниот контараст меѓу гневот и тагата на возрасните и невиноста на децата.

Фотографијата беше избрана од вкупно 103.481, доставени од 5.666 фотографи од 124 земји.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска