Шукарова со два проекта во Берлин: „Роболеро“ и „Техники на манипулација на движење“

Од:

Во периодот од 22. до 30. Април, Искра Шукарова ќе реализира два проекта во Берлин – „Роболеро“ и „Техники на манипулација на движење“.

Проектот „Роболеро“ беше успешно изведен минатата година во Софија во просторот Црвената Куќа на интернационалниот фестивал, како дел од програмата на Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија. Оваа година проектот „Роболеро“ подржан од страна на Министерство за култура на Р. Македонија ќе биде презентиран како проектот/работилница на студенти како едукативен дел од програмата на Танзфабрик во Берлин. Како изведувачи во проектот земаа учество како танчери Викторија Илиоска, Бистра Делиниколова и Елена Ристеска, додека музичкиот дел е на Валентин Димановски.

IMG_7839

Делото „Техники на манипулација на движење“, Шукарова го презентираше на фестивалот Локомоушн 2014. Во делото перформативните аспекти се насочени кон манипулацијата како основна алатка за креирање на движењата, која всушност е основниот кинестетички оперативен движечки вокалбулар во претставата.

Искра Шукарова, во соработка со Викторија Илиоска-како изведувач и Елена Ристеска-техничка помош, во рамки на оваа програма ќе ја остварат продукциската резиденција воБерлин, во рамкина Танзфабрик и Уферстудиос. На крајот на резиденцијата Шукарова ќе има јавна презентација пред тамошната професионална и поширока публика.

Меѓународната резиденција за делото „Техники на манипулација на движење„ е организирана од Локомотива, Скопје како дел од нејзината соработка со европската мрежа за изведувачки уметности – АПАП како дел од европскиот проект за унапредување на изведувачките уметности (http://www.apapnet.eu/) Резиденцијата на Шукарова во Берлин е дел од соработката помеѓу Локомотва и европската мрежа АПАП се реализираат вкупно шест уметнички резиденции. Резиденцијата во Берлин е поддржана од европската мрежата АПАП како дел од европскиот проект за унапредување на изведувачките уметности поддржан од Програмата Култура на Европската Унија, како и партнерот Танзфабрик од Берлин.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ