Шукарова гостува во Љубљана со „Техники на манипулација на движење“

Од:

Со делото Техники на манипулација на движење, дел од проектот Динамик Спејсис, Искра Шукарова од 26 до 30 септември ќе гостува во Љубљана, Словенија.

– Шукарова е поканета во Љубљана да го претстави своето најново дело Техники на манипулација на движење како дел од проектот Динамик Спејсис. Оваа соработка ќе биде реализирана на покана на Грегор Камникар кој е дел од колективот Институт Федерација (www.federacija.net) која пак во соработка со колективот. Циркулација 2 (www.cirkulacija2.org) го претставуваат проектот насловен Динамик Спејсис кој ќе се одржи во просторот Циркулација 2.

Шукарова во делото Техники на манипулација на движење испитува методи за генерирање на движење во однос на релацијата кореограф-изведувач.

Публиката е сведок на веќе етаблираните ролји на кореографот како креатор и на изведувачот како некој кој ги извршува зададените движечки форми. Целта на делото е да ги претстави различните перформативни релации, поточно механизмите на моќ/манипулација преку односот на кореографот и изведувачот во форма на перформативен процес отворен пред публиката.

Во делото учествуваат Искра Шукарова, Викторија Илиоска и Елена Ристеска од Македонија, додека соработник на драматуршкиот концепт е Ана Вујановиќ од Србија.

Гостувањето во Љубљана на Шукарова е подржано од страна на Министерство за култура на Р. Македонија.

Делото Техники на манипулација на движење беше подржано од мрежата АПАП и ЕУ програмата за култура во Берлин во 2015, каде беше претставено во Танцфабрик во Уферстудиос. Оваа соработка беше дел од колаборацијата на Локомотива и мрежата АПАП.

Досега делото беше претставено во Скопје на фестивалот Локомоушн 2014,  како и на фестивалот Ко-фест во Скопје 2016.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска