„Што ќе речат нашите внуци“, нова поетска книга од Раде Силјан

Од:

„Матица македонска“ од Скопје ја објави стихозбирката „Што ќе речат нашите внуци“ од Раде Силјан во која се содржани 70 песни.

– Неговите песни се исполнети со притаена надеж, но и тага, горчина, стравувања, носталгија, констатира академик Витомир Митевски во поговор кон книгата насловен „Поетот и трагизмот на нашето време“.

Раде Силјан е автор на богат поетски опус, а дваесет и шест негови книги се преведени на: англиски, руски, полски, украински, италијански, турски, унгарски, албански, бугарски, српски, босански, есперанто, романски, црногорски, молдавски, влашки и на грчки јазик.

Добитник е на национални и меѓународни награди, меѓу кои и на наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, „Ацо Шопов“ и „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија, како и на највисоките државни признанија „11 Октомври“ и „Свети Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска