Штипскиот театар освои награда на фестивалот во Ресен

Од:

Народниот театар-Штип со претставата-дуодрама „Отворач на конзерви“ во режија на Стојан Матавуљ ја освои наградата на публиката и на Град Ресен „Наум Манивилов-Преспански“. Во претставата играат актерите Миле Вратеовски и Владимир Тулиев.

– „Отварач на конзерви“ е трагикомедија, дело на францускиот актер и режисер Виктор Лану. Заплетот почнува по експлозија во фабрика за производство на гуми за џвакање. Двајцата пријатели остануваат заробени во затворен простор каде што имаат само конзерва грашок. Целата приказна се врти околу губењето на отворачот, рече на прес-конференција Миле Вртеовски, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип.

Претставата е во копродукција со Општина Штип. Во последната театарска сезона ова е шеста награда за Штипскиот театар. Претходно, на други фестивали беа наградени претставите „На дното“ и „Лазаревото писмо“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски

Пукање во Штип, едно лице е повредено на градскиот плоштад во Штип

Предраг Петровиќ

Пеце Ристевски назначен за в.д. директор на штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“

А1он