Шестиот „Анимакс Скопје фест“ од 1 до 4 декември во Кинотека на Македонија

Од:

Педесетина анимирани филмови од 28 држави од светот ќе бидат прикажани на шестото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“, кој од 1 до 4 декември годинава ќе се одржува во Кинотека на Македонија. Мотото на фестивалот е „За нагоре“.

Директорот на фестивалот Кузман Кузмановски на денешната прес-конференција информира дека годинава пристигнале вкупно 1.527 филмови од 85 држави од светот.

– Од нив, успеавме да одвоиме 43 филмови за возрасни, кои ќе се борат за наградите Златна, Сребрена и Бронзена тула и 11 филмови за деца. Осум се од професионалци направени за деца, а останатите се направени од деца за деца. Акцент и оваа година ставаме на детската програма бидејќи сметаме дека тука се врши соодветна „регрутација“ на идните аниматори, рече Кузмановски.

Ева Камчевска, Диме Ратајковски и главниот селектор Благоја Куновски-Доре, ги избраа 43 куси филмови во официјалната конкуренција за награда и 11 филмови за детската програма.

Тој информира дека има две работилници посветени за децата. Првата е стрип работилница, која ќе се одржи утре, од 17.30 часот со менторите Здравко Гиров и Давор Драмиќанин. Дарија Копиец, аниматорка од Полска ќе одржи тридневна работилница за деца. Таа како техника ќе ја употреби стоп анимацијата, а ќе работи со пластелин. Предвидена е уште една работилница „Слатка материја“ со Николас Бролт, аниматор од Канада, кој прави фигури со леење шеќер. Тој ќе ја земе специјалната награда Гран при што ја доделува Град Скопје за најдобар анимиран филм во рамки на фестивалот.

На последниот дел од фестивалот ќе бидат доделени наградите Златна, Сребрена и Бронзена тула, а за нив ќе одлучува меѓународна жири-комисија составено од Дарија Копиец, Масимилиано Нардули од Рим, програмски директор и селектор на неколку европски филмски фестивали и Жарко Иванов, аниматор од Македонија. Ќе биде доделена и наградата Злтана тула за најдобар детски анимиран филм, а за победникот ќе гласаат децата во четири фестивалски дена.

Македонски претставник во официјалната програма е анимираниот филм „Акт“ на Ацо Станковски. Според Кузмановски, филмот е сериозен кандидат за награда бидејќи прави убава анимација, еден преглед на актот како вечна инспирација на сите автори и како одраз на убавото, божественото.

В сабота, во арт-кафето „Концепт 37“ ќе биде промовиран и зборникот „Опсесија. Перверзија. Бунтовност. Изопачени соништа на централно-европската анимација“ од Михал Бобровски од Полска.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Град Скопје и Кинотека на Македонија.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

Прогласени победниците на тринаесеттото издание на Анимакс Скопје Фест

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката