Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечер ќе се одржи 6. меѓународен фестивал „Денс фест“, на кој годинава ќе учествуваат 14 клуба од Македонија и два клуба од Србија.
Организатор на фестивалот е танцовиот клуб „Мак“.
– Публиката ќе има можност да ужива во кореографиите кои ќе бидат презентирани, а во чекор со современите светски трендови на модерниот балет, хип-хоп, латино и стандардни танци, изјави кореографот на „Мак“, Мерилин Стојановска.
Овој фестивал има натпреварувачки карактер, така што ќе се доделат награди за најсупешна кореографија, најдобар сценски настап и за најдобро соло и дуо.
Во рамки на „Денс фест“ ќе се одржат и работилници за современ танц и кореографија под водство на Сташа Станковиќ од „Денс Фектори“ од Србија и Игор Шкомац.