Шеста изложба на Стрип центарот на Македонија

Од:

Со отворање на шестата стрип изложба во Струмица, Стрип центарот на Македонија го завршува својот проект „Стрипот како креативна алатка во функција на граѓанскиот ангажман“, кој беше финансиран со програмата „Цивика мобилитас“.

Овој проект беше имплементиран од Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес во соработка со шест граѓански асоцијации: Центар за современи уметности-Скопје, ДРОМ-Куманово, Регионален центар за одржив развој–Кратово, ЗУР „Македонски ракотворби“-Битола, „Култ транзен“-Струмица и „Мозаик“- с.Горно Јаболчиште, општина Чашка.

Томе Трајков од Стрип центарот на Македонија и координатор на проектот изјави дека е задоволен од резултатите и од локалните споведувачи-учесници во проектот.

Тој потсети дека проектот се состоеше од организирање училиште за креативен стрип ангажман во велешкото село Нежилово, а потоа од изработените стрип-дела се подготви каталог во ПДФ и печатена верзија. Проектот заврши со циклус изложби во шест градови и населени места каде што живеат учесниците на проектот, од која последната е денеска во Струмица.

– На маргините на организираното училиште во село Нежилово се организира заеднички состанок за меморандум за соработка и вмрежување организации кои го афирмираат стрипот како креативен граѓански ангажман. Потпишувањето се извршуваше во времетраењето на одржување на самите изложби. Сите организации ќе се вклучат како конституненти во работата на Стрип центар на Македонија, како чадор организација за рамномерната застапеност на урбани и рурални средини, опфат на сите географски региони, етничка, секторска и тематска застапеност. За време на престојот во село Нежилово како и при организирање на изложбите беа дадени заеднички идеи за своевидно продолжување на овој проект, рече Трајков.

Заклучи дека покрај афирмирањето на можностите кои ги дава стрипот и во афирмирање на мисиите на граѓанските организации, важно е што преку овој проект македонската стрип сцена се збогати со млади и талентирани стрип цртачи ко ќе ја афирмираат деветтата уметност во земјава и во странство.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он