„Шери коктел џез бенд“ ќе го загрева Карпош

Од:

Пријатно музичко освежување со живиот настап на „Шери коктел џез бенд“ ќе се случи денеска, на првата септемвриска ноќ, со почеток во 20 часот и 30 минути на платото кај плоштадот ,,Лептокарија’’.

Скејт – паркот крај Вардар минатата вечер беше просторот каде се случуваше вистинско патување низ времето на карпошовата ретро-ноќ.

Познатите диџеј авторитети, разбудија длабоки емоции и сеќавања, особено кај повозрасните познавачи на добрата музика.

„Вера Јанковиќ и Драган Б. Костиќ, комуницираа со присутните гости, преку познатите мелодии од незаборавната диско ера. Низ звуците на безвременските хитови, тие успеаја да ги спојат различните генерации и пријатно да ги изненадат пребирливите музички карактери. Водени од инстинктот за танцување, исполнетиот подиум се движеше во темпото на песните кои некогаш го допираа врвот на домашните и светски топ листи. Освен тоа што го демонстрираа своето раскошно познавање од областа на музиката, Вера и Драган создадоа неповторливо расположение и атмосфера, со кои ја обележаа шеснаесеттата вечер од ,,Карпошовото културно лето’’ – велат организаторите.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира