Семинар за црковно пеење во Смојмирово

Од:

Школата за црковно пеење од византиската традиција „Андон Шахпаски“ од денеска до 6-ти јули во Смојмирово организира семинар за црковно пеење.

На семинарот ќе настапи хорот „Херувими“ од Скопје под диригентство на Мирјана Павловска-Шулајковска.

Во чест на преродбенското дело на Андон Шахпаски и на неговите следбеници, Универзитетот „Евро Балкан“-Скопје во рамките на програмата на Летниот универзитет во Охрид донесе одлука за обновување на Школата по црковно пеење од византиската традиција во Смојмирово, која ќе го носи името на нејзиниот втемелувал Андон Шахпаски.

Своите програмски содржини Школата ќе ги реализира во летниот период во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Смојмирово и во други храмови во Малешевијата преку изучување на теоријата и практиката на источното црковно пеење според христантовиот нов метод, афирмирајќи го во прв ред црковно-музичкото творештво на авторите од Македонија.

Би можело да ве интересира

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале