Седум децении од објавувањето на првата поетска книга на македонски јазик

Од:

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска со свечен собир ќе се одбележи 70-годишнината од објавувањето на првата поетска книга на македонски јазик во слободна Македонија, стихозбирката „Песни“ од Ацо Шопов (1944).

Собирот ќе го отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а за литературно-историските аспекти на „Песни“ од Ацо Шопов ќе зборува Соња Стојменска Елзесер.

Средбата ќе биде збогатена со искажување на Гордана Михаилова Бошнакоска на тема „Очите и љубовта во поезијата на Ацо Шопов“ и со  сеќавања на Михаил Ренџов за Ацо Шопов.

Стихови од „Песни“ на Шопов ќе кажува Александра Велинова во придружба на гитара на Петар Ренџов. Средбата ќе ја модерира Јасмина Шопова.

По повод одбележувањето на овој значаен книжевен датум издавачката куќа „Сигмапрес“ објави фототипско  издание на книгата „Песни“ од Ацо Шопов. Реализаторот на овој оригинален издавачки проект, Маја Бојаџиевска, ќе има искажување на тема „Седумдесет години подоцна“.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот